Црвениот крст започна со обуките за изработка на мали проекти

Општинската организација на Црвен крст  одржа прва работилница од овогодишниот циклус за подготовка на ПХВ проектите кои имаат за цел промоција на хуманите вредности во општеството.crveni krst phv 007
Основците и средношколците нa вчерашната  обука се запознаа со историјатот и основните работни задачи на Црвениот крст, а ако учествуваат и во наредните две работилници, ќе добијат можност да бидат дел од тимот кој ќе осмисли настани од хуман карактер за своите сограѓани.

crveni krst phv 011
„Стручниот тим од Скопје на крајот го избира најдобриот проект, а победниците учествуваат на работилница организирана на ниво на цела Македонија’’ – вели координаторката на овој проект за Струмица, Заге Каменчева.

crveni krst phv 012
Инаку, Црвен крст во Струмица веќе три години спроведува ПХВ проекти. Еден од нив беше хуманитарното „Талент шоу’’ од кое собраните парични средства беа наменети за поставување на пристапни рампи на одредени места во градот за лицата со телесен инвалидитет.

Comments are closed.