Кривична пријава за струмичанец кој произведувал и продавал наркотици

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Ј.(27) од Струмица.
При извршен преглед на 24 април 2014 година на Е.Р. од Струмица е пронајдена 1,56 грама наркотична дрога марихуана која ја набавил истата вечер од В.Ј.
Извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени 375 семки од растението канабис сатива, 0,70 грама мешавина од тутун и марихуана, дробилка и вага.

marihuana

Comments are closed.