На подрачјето на општина Струмица во последниве седум дена се случиле 12 кражби, а како покарактеристични се издвојуваат ограбување на стан, училиште, шума, црква, голубарник,земјоделска аптека и продавница, известуваат од СВР Струмица.
Причинетата материјална штета која крадците ја направиле, при што од овие места однеле пари, алат, цигари, прехранбени производи, дрва, гулаби и накит, изнесува 630.000 денари
Во периодот од 12 – 19 јануари се пријавени и седум нарушувања на јавен ред и мир, а се случила и една сообраќајна незгода во која е повреден пешак.