Александар Стојанов ја напушти ФК „Беласица’’

Александар Стојанов ја напушти ФК „Беласица’’. Тренерот на овој фудбалски клуб се одлучил на овој потег поради лошите услови за работа и неисплатени плати од октомври месец.

„Во такви услови не можам да работам. Нема услови за тренирање, а „Беласица’’ е сведена на аматеризам’’ – ги објаснува причините за заминувањето  Александар Стојанов.

Capture

Стојанов вели дека, поради лошата финансиска ситуација, клубот го напуштиле  и играчите Ников, Мижоров, Гарбашлиев, Петков и Донев.

Во есенскиот дел од Третата македонска фудбалска лига – Исток 2014/2015, ФК „Беласица’’ се наоѓа на првата позиција со осум победи, три нерешени натпревари и без еден пораз.

 

Comments are closed.