Органските производители немаат доволен простор на пазарот

Пласманот на органските производи, недоволно развиените канали на дистрибуција, ниската цена за продажба на производите и недоволна едукација се причините поради кои органските произведувачи од Струмица се демотивираат за понатамошна работа, е заклучокот на вчерашната работилница “Заживување на органското производство во струмичкиот регион”.

slika 2

Овие проблеми беа главна тема на работилницата која ја организраше Здружението на производители на органска храна „Органо-Логистик’’ од Струмица, а на која предавањето одржа Горан Колев, сертификатор и консултант за органското производство, и потпретседателот на Органо-Логистик и претседател на Федерацијата на производители на органски производи на Македонија, Ѓорги Хаџи-Котаров.

slika 1

Од последните анализи и истражувања на Органо-Логистик заедно со Федерацијата на производители на органски производи на Македонија забележан е се поголем интерес кај потрошувачите за органската храна, кои пак имаат проблеми со пристапот до тие производи.

Поради ова, здружението во следниот период интензивно ќе работи на регрутирање на нови членови и граѓани кои се заинтересирани за органско производство.

Comments are closed.