По повод новогодишно – божиќните празници, во Службата за трансфузиона медицина денеска се органираше крводарителска акција за вработените во општина Струмица.

Собрани се 35 крвни едници, а општинската администрација својата хуманост ја покажа по 16 пат.
„Одзивот е повеќе од задоволителен, и секогаш кога се организираат вакви акции, целата општинска администрација е тука за да дарува крв. Чувството да се дарува крв не може да се опише, треба секој да проба. Кога знаеш дека со секоја подарена капка крв спасуваш на некој живот, тоа е нешто што не се опишува со зборови’’ – рече Марија Гарванлиева, вработена во општина Струмица.


Оваа акција е традиционална и се одржува во организација на Основната организација на Црвениот Крст при општина Струмица во соработка со Црвениот Крст на Струмица и Службата за трансфузиона медицина.