Струмичките гимназијалци со организирањето на новогодишно – божиќниот концерт на 4 јануари, собраа 78.000 денари за лекување на Н.М., М.С. и М.Г.
Паричните средства денеска се уплатени на жиро сметките на трите струмичанки.

Хуманитарната акција беше спроведена преку купување на влезница која чинеше 100 денари, а граѓаните можеа да донират парични средства и пред почетокот на концертот.

Под мотото „Мрак и светлина’’, петиот хуманитарни концерт на СОУ „Јане Сандански’’ го одбележа настапот на шеесетина солисти, инструменталисти, хористи, глумци и танчери од ова училиште.
Концертот е организиран во сорабтка со Младински совет – Струмица.