Општина Струмица доби благодарница од храмот „Св.15 Тивериополски свешетеномаченици“

Струмичката епархија на Македонската православна црква, односно, храмот „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“ и додели благодарница на општина Струмица „за подадената рака и љубов кон својата света црква, вера и народ’’.

10922712_762680030452096_5317087219457713978_n

Благодарницата ја прими Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, на вечерата која синоќа во чест на помагателите на овој храм ја приреди отец Димитар Крцев.

1484558_762680077118758_6544191951700418070_n
Благодарници добија и други институции, фирми и поединци кои финансиски ја поддржаа реконструкцијата на фасадата на храмот „Св.15 Тивериополски свештеномаченици’’.

Comments are closed.