За празниците се случиле седум кражби во Струмица

Во периодот од 29 декември до 4 јануари, на територијата на општина Струмица се случиле седум кражби, известуваат од СВР Струмица.
Ограбени се викендица, куќа, земјоделска аптека и моторно возило од каде крадците однеле пари, инсектициди и вештачки ѓубриња, лаптоп и накит во вкупна вредност од 348.000 денари.

ras7664_2
Во последниве седум дена пријавено е само едно нарушување на јавен ред и мир, а се случиле четири сообраќајни незгоди со потешки последици. Поради неприлагодена брзина, непрописно растојание и невнимение, во незгодите се повредени два пешаци, возач и сопатник.
Полицијата спровела и две контроли на брзина на возењето при при што се констатрани 4 прекршоци.

Comments are closed.