Во пресрет на божиќните празници децата од социјално загрозените семејства денеска добија пакетчиња од градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
Околу стотина пакетчиња беа поделени на деца од населените места Вељуса, Просениково, Банско и Градско Балдовци
Шеесет новогодишно – божиќни пакетчиња беа доставени и во Католичката црква во Струмица.
На овој начин градоначалникот Зоран Заев ја покажа својата хуманост и грижа за децата од општина Струмица.