Дали Турново го добило името по риба, азмак или реката Турија?

КАТАРЏИЕВЦИ СЕ ПРВИТЕ КОИ ГО НАСЕЛИЛЕ ТУРНОВО…

 

Во дамнешно време земјиштето во атарот на денешното Турново било покриено со вода и блато (ѓол). Со текот на времето, водата преку реките Струмица и Струма,истекла во Бело (Егејско) Море. На одводното земјиште подоцна била основана мала селска населба.

Први во неа се населило семејството Катарџиевци , кое, според народното пренадание, дошло од селото Кривичево. Подоцна, тука се населиле и други семејства од околните краишта и така е основана населбата која во средновековните пишани извори се споменува со името Торњево.

darlanbos6

ДАЛИ ТУРНОВО ДОБИЛО ИМЕ ПО РИБА, АЗМАК ИЛИ РЕКАТА ТУРИЈА?

 

За името на селото има три легенди.

Првата, името на селото го поврзува со поодамнештото минатото, кога атарот на Турново бил исполнет со вода и блато. Ѓолската вида била богата со риби. Најмногу ја имала рибата штука која уште ја викаат турна. Селаните рибата турна ја ловеле со кошеви, а можеле да ја фаќат и со рака. Оваа риба претежно ја ловеле во летните месеци кога таа излетувала во плитките води.

Рибарите уловената риба ја ставале во каци и ја сушеле за да им се најде за храна во зимските месеци. Според народната легенда, се претпостаува дека од изобилството на рибата турна, блатото беше наречено Турново, а потоа и населбата основана на одводненото земјиште наречено Турново.

Друга легенда името на селото го објаснува поинаку. Според неа, на денешната локација на селото порано имала азмак – разни бодливи растенија, трни… Од месност обрасната со трње, трново, торново… по некаква аналогија е добиено името Турново.

34820104

Третата легенда името на селото го поврзува со името на реката Турија која тече крај селото и се слива во реката Струмица.

Текстот е напишан по книгата „Имињата на населби во струмичко’’ од Костадин Кајдамов.

Comments are closed.