Потребни се донации за лекување на Мартина Стојкова од Струмица

Мартина Стојкова е 12 – годишно девојче од Струмица која повеќе од 5 години се бори со деформација на р’бетниот столб – сколиоза која на почеток кога е откриена била 28 степени, а сега прогресира во над 100 степени на р’бетниот столб.
10881285_10152475658367121_690603835_n
Сколиозата е откриена на нејзина 7-годишна возраст, но покрај сите неуспешни обиди на лекарите во државата да се справат со тоа, да го стопираат прогресот и ја корегираат, родителите мораат спасот да го бараат надвор. Потребна е итна и неодложна операција во странство за да може девојчето слободно да дише, да се храни, да седи и да се движи.
Деформацијата е опасна што ако не се изврши хируршка интервенција на време Мартина може да се парализира и да се влоши нејзината здравствена состојба во целост.
10406743_10152475658482121_1815612632869474758_n
Хируршката интервенција е закажана во Турција и чини близу 40.000 евра, но семејството на Мартина не е во можност да го собере тој износ. Затоа апелираат до сите хумани граѓани доколку се во можност да донираат и помогнат за да се соберат потребните средства за операцијата на Мартина.
Парите може да се донираат преку телефонските броеви: 075 143 150, 077 143 144 и 070 143 121.
Или преку трансакциска сметка во НЛБ „Тутунска банка“ 210-501683253756.
Девизната сметка е Martina Stojkovska,
str. Janko Cvetinov br.57/2-7 2400 Strumica,
Macedonia.
IBAN Code: MK07210501683253756
 SWIFT : TUTNMK22,
 BANK DETAILS,
 Bank, NLB TUTUNSKA BANKA A.D.SKOPJE

Comments are closed.