Советот на општина Струмица на вчерашната 22 седница го донесе Буџетот на општината ,,тежок ‘‘ 1.081.322.000 денари, што е за 0,5% помал од оној за 2014 година.
Од вкупните средства во Буџетот, 50% се сопствени изворни средства, 42% се блок дотации, 5% се средства од самофинансирачки активности и 3% се донации.
Буџетот има развојна компонента, бидејќи 62% од неговиот основен дел се однесуваат на капитални инвестиции.
Во 2015 година, согласно донесениот Буџет, ќе бидат реализирани 347 конкретни капитални проекти.