Точно на пладне, околу 2500 ученици од прво до петто одделение се собраа на плоштадот „Гоце Делчев’’ да го најават доаѓањето на Новата година.
Децата со игра и песна направија одлична новогодишна атмосфера, а студениот ден не влијаеше тие убаво да се забавуваат.
На учениците се придружи и градоначалникот Зоран Заев кој им посака среќни новогодишните и божиќни празници.
Организатор на предновогодишната дружба на основците ја организираше Младински совет.