Јане Киров од СОУ „Димитар Влахов’’ на 19 декември ќе ја престави својата прва стихозбирка на љубовна поезија „Изгубената љубов’’. Промоцијата ќе се одржи во Домот на АРМ, со почеток во 19 часот.
Треба ли храброст да се објави збирка со љубовна поезија во мала средина како што е Струмица?
Струмица, мал град преокупиран со озборување и предрасуди…Но, ваквата состојба не беше пречка да го реализирам својот сон и да ја издадам мојата збирка.
Како изгледа тој момент кога ги создаваш песните?
Виолината е таа што најмногу ме инспирира, затемнетата соба и дождот. Магијата настанува токму во тој момент кога тие три работи се соединуваат.
Што инспирира едно деветнаестогодишно момче да пишува за изгубена љубов?
Инспирацијата во пишувањето е нешто релативно. Нејзиниот интензитет постојано варира… Некогаш излегува како најсилен извор, подоцна целосно пресушува, се до моментот кога повторно ќе започне таа „бурна инспирација”.
Дали љубовната поезија е посветена на некоја одредена девојка, можеби?
Љубовта – тема со која многу поети го достигнале врвот, тема која е постојано присутна, така и кај мене. Љубовта кон девојка беше причина да ги пренесам своите емоции на лист хартија.
Изгубена љубов?
Бидејќи личноста остана во минатото, и повеќе не е до мене, туку е само – Изгубена Љубов
Се чини дека љубовта помеѓу младите не е веќе „популарна’’ како некогаш… Се согласуваш ли?
На оваа прашање нема многу да дискутирам, како во светот и државата така и во нашиот град љубовта се помалку и помалку е присутна пред се кај помладите, а се повеќе и повеќе преовладува тој материјален свет полн со предрасуди.
Чие мислење/критика ти е најзначајна што ја имаш добиено за пишување на поезијата?
Сите мислења ми се доста значајни, но веќе кога морам ќе го издвојам мислењето на мојата професорка Фросина Крстеска Милева. Таа вложи многу напор да го истакне тоа вредното во мене ,да ме мотивира, и да го направам својот најголем чекор во животот, а тоа е издавањето на збирката. Фросина Крстеска Милева е пример како треба да изгледа еден професор во денешно време, мотивирајќи го својот ученик да се движи кон посакуваната цел во животот.
Имаш ли омилен поет?
Од нивото на светската литература како мој омилен поет би го издвоил Едгар Алан По, а од македонската Петре М. Андреевски, и темелот на македонската поезија Коста Солев Рацин.
Дали твоја промоцијата ќе биде поразлична?
Начинот на кој ќе биде изведена промоцијата ќе биде оставено да се види на самиот чин, сите којшто ќе присуствуваат сигурно нема да зажалат.
Твоја најомилената напишана песна?