Струмичките пожарникари имале само две интевренции во градот и населените места во изминатава недела, известуваат од ТППЕ.
Во периодот од 10 – 16 ноември, тие гаснеле опожарен дел од угостителски објект во селото Куклиш, а на улицата Ѓуро Ѓаковиќ повеќе од еден час гаснеле запален оџак на индивидуална семејна куќа.