Турново со сигурен резултат славеше на „Кукуш” против Тетекс во 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Турновци преку Кочоски поведоа во 31 минута од натпреварот. Резултатот од 1:0 остана до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме Тетекс се надеваше на евентуален бод, но Долапчиев во 79. минута го зголеми водство на Турново на 2:0 со што фудбалерите на Тетекс дома си заминаа повторно поразени.
Турново со оваа победа се искачи на 6-тото место со 20 бодови, додека Тетекс останува на дното со само 2 освоени бодови. Во следното коло Турновци гостуваат кај Металург Скопје, тим кој што е пласиран на 5-тото место со 21 бод.
Лидер на табелата останува непоразениот Вардар кој што има 37 бодови, второпласиран е Работнички со 31 бод, додека третопласирана е Шкендија со 24 бодови.
На долниот дел од табелата како и досега Тетекс со 2 бодови, Брегалница е на 9-тото место со 12 бодови.
Автор: Александар Ванев