По повод Светската недела за борба против гладот и сиромаштијата, учениците, родителите и вработените во СОУ „Димитар Влахов’’спроведоа акција за донирање на стара облека.
Акцијата се спроведува веќе четврта година по ред, а денеска се собрани 454 парчиња облека и обувки за деца и возрасни.
Собраните донации се предадени на Црвениот крст Струмица кој ќе ги подели на социјално загрозените семејства.