Патеката кај реката Тркања, на влезот на Струмица од страната на Валандово, на која утре ќе се одржи Меѓународно рели крос со теренски возила и автомобили, е потготвена за натпреварот.
На релито, кое започнува во 12 часот, ќе учествувуваат 36 натпреварувачи во три категории – теренски возила, олд- тајмери (постари од 30 години) и автомобили.
Натпреварувачите се од Србија, Македонија и Албанија, интересното е дека ќе настапаат и три жени возачи, а помеѓу рели возачите ќе се најдат и струмичани.
Како награди на Меѓународното рели крос со теренски возила и автомобили ќе бидат доделени три медали во секоја категорија како и специјална награда за победникот во генерална квалфикација со терески возила.