Беласица со победа, Тиверија со реми во седмото коло од 3 МФЛ – Исток

Фудбалерите на Беласица со минимален резултат славеа над Брегалница Голак на гостински терен во рамки од деветото коло во 3 МФЛ. Со оваа победа Беласица и понатаму останува лидер на табелата со 19 бодови, на второто место е Плачковица со 17 бодови.
Тиверија на домашен терен ремизираше со Каменица Саса играјќи 0:0, со што после овој реми натпревар и понатаму останува на деветото место со 8 бодови.

На дното од табелата и понатаму остануваат 14 Октомври 1946 со 1 освоен бод и едно место погоре Слога 1934 со 3 освоени бодови.
Во досегашните 7 одиграни кола Беласица постигнала најмногу погодоци, 21. Најдобра одбрана во досегашниот тек од сезоната има тимот на Плачковица кој примиле само 3 погодоци на седум одиграни натпревари.
Во следното коло кое што ќе се одигра во недела на 8 октомври со почеток од 14:30 часот, Беласица на домашен терен ќе го пречека Работник Џумајлија, додека Тиверија има големи шанси за победа на гостински терен кај 14 Октомври 1946.

Автор: Александар Ванев

Comments are closed.