Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,
Ако хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба, се основните принципи на Вашата вера, тогаш празникот Курбан Бајрам нека биде круна на тие принципи.
Празнувајќи го Курбан Бајрам со добрина и гостопримство кон своите блиски роднини, соседи, пријатели и сограѓани, и почитувајќи го учењето на Бог, Вие останувате верни на начелата на Исламската вера, кои култивираат и прокламираат хумани и општочовечки вредности.
Во името на таквите вредности, нека ви е честит и вековит Курбан Бајрам со желба за добро здравје, семејна хармонија и живот по Ваша мерка.