Вчера околу 21,40 часот во Струмица, во куќата на С.П.(35), влегло непознато машко лице на возраст од околу 20 години, се приближило до нејзината четиригодишна ќерка и ја бакнало во пределот на главата. Таа не изреагирала веднаш, мислејќи лицето е другар на нејзиниот син, но откога увидела дека влегло само, го запрашала што бара во нејзината куќа. Истиот се приближил до неа, силно ја гушнал, фаќајќи ја за градите и обраќајќи и се со зборовите: „Дојдов да ве сакам“. Таа се обидела да го отргне од себе, но бидејќи истиот ја повторил постапката неколку пати, почнала да вика за помош, по што пристигнал нејзиниот девер и успеал да го отргне лицето и да го задржи до доаѓање на УПС од ПС-Струмица.
По извршеното легитимирање, утврдено е дека се работи за Н.Б.(21) од Струмица, кој, и понатака и во присуство на УПС покажувал знаци на хиперактивност и неконтролирано однесување, соблекувајќи се гол.
Н.Б. е однесен во МЦ-Струмица на Нервно Одделение, каде од страна на лекар е констатирано дека се работи за лице со пореметена психолошка структура на личноста.
За настанот е запонат ЈО и против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.