Денеска пред домот на АРМ се одржа приредба за првачињата. На приредбата имаше музика како и настап на учесниците во аудицијата „Јојо“. Годинава во основните училишта запишани се околу 550 првачиња.
„Први септември е ден за гордост, ден за среќа и ден за паметење. Први септември не е било кој и каков ден. Први септември е ден за гордост, ден за среќа и ден за паметење. Први септември е ден кога го правите најважниот чекор во животот. Денес го слушате првото ѕвонче“, рече пред присутните првоодделенци градоначалникот Зоран Заев и додаде дека сите основни и средни училишта се целосно подготвени за почетокот на учебната година.
Заев изрази загрижување за намалувањето на првоодделенци во последните пет години поради се поголемото исселување на младите од Струмица.