The Reporters ја продолжуваат турнејата во оваа 2014, за промоција на првото новинарско музичко ЦД. Првиот новинарски музички бенд на Балканот ќе има свое гостување во Струмица. Настапот е закажан за вечерва ( 27.08.2014,среда) во амфитеатарот.
Бендот е формиран за концерт во организација на Амбасадата на САД во Скопје во 2008 година во чест на новинарот Даниел Перл, кој беше убиен во Пакистан во 2002 година, а кој беше познат по неговата љубов кон музиката, играта и поддршката на музичари. Од тогаш, Репортери почнаа да делуваат редовно. Покрај неколкуте настапи во чест на Даниел Перл, бендот го напиша и првиот сингл со наслов “Слобода”.
Во рамките на заедничката акција “Солидарност за слобода”, заедно со синдикатот на новинари ССНМ и Здружението на новинари на ЗНМ, бендот го заврши снимањето на својот прв албум, а ја започнаа и турнејата низ градовите во Македонија. Преку нивната музика, тие настојуваат да се промовира слободата на изразување и солидарноста меѓу новинарите.
Средствата собрани од продажбата на ЦД-а, сувенирите и солидарните кутии, ќе бидат донирани во „солидарен фонд“, кој е веќе креиран и раководен од ССНМ и ќе се користи за поддршка на новинари на кои им е потребна помош и се во неволја.
Инаку бендот е составен од: Петрит Сарачини – вокали, Борјан Јовановски – тапани, Миле Бошњаковски – бас, Стојан Трпчевски – клавијатури, Жарко Димитриоски – гитара, Драган Антоновски – гитара