Се случи сообраќајна незгода со смртни последици на магистралниот пат Струмица – Ново Село

Според информациите кои ги добивме од СВР Струмица, денеска 18.08.2014 година во 05.30 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, помеѓу Сачевска крстосница и с.Дабиле пред БС Дисконт се случила  сообраќајна незгода во која учествувале:

ПМВ Ауди А4 со струмички регистарски ознаки управувано од Александар.П (26) од с.Моноспитово,  со сопатник М.К. (25)  и ТМВ Мерцедес 1314 со струмички регистарски ознаки управувано од Р.И. (57) од с.Еднокуќево

До незгода е дојдено кога  возачот со ПМВ Ауди А4 се движел по магистралниот пат од правец  на Струмица кон  с.Дабиле, а возачот на ТМП Мерцедес се движело од спротивен правец.

Поради здобиените повреди на лице место починал возачот на ПМВ Ауди А4 Александар.П.

Смрта е констатираната од страна на мртвопроверител.

Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во ПМВ Ауди А4 М.К кој по укажаната лекарска помош во М.Ц –Струмица е задржан на понатамошно лекување и

Возачот на ТМВ Мерцедес 1314 Р.И. кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител при ОЈО Струмица во содејство со полициски службеници од ПС за БПС Струмица.

Comments are closed.