СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Е.(62) од с. Мокрино поради постоење основи на сомнение за сторени дела “бесправно градење“ и “узурпација на недвижности“.
Имено, пријавениот во текот на 2014 година без одобрение за градба отпочнал со градба поставувајќи бетонски столбови и метална мрежа, оградувајќи и вршејки порамнување и сечење на багремови стебла на земјиште од 6562 квадратни метри во сопственост на Република Македонија.