Филип Беџовски од ПСУ„Јахја Кемал’’ – Струмица на ИОИ олимпијада во Тајван

Филип Беџовски од Струмица е еден од четворицата македонски средношколци  кои ќе ја претставуваат државата на Интернационална олимпијада по информатика во Тајван, што ќе се одржи  во месец јули.

Беџовски е матурант во приватното средно училиште „ YAHYA KEMAL’’ – Струмица и за четири години има постигнато значајни резултати на регионални и државни натпреври  по информатика во Македонија,  како и  на Балканска олимпијада и Светска олимпијада.

По завршувањето на „YAHYA KEMAL’’  во Струмица, Филип Беџовски  го продолжува образованието на Wentworth Institute of Technology во Бостон , како стипедист на овој американски унивезитет.

Comments are closed.