Три покарактеристични кражби се случиле на подрачјето на општина Струмица во изминатата недела, пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.Ограбени се возило и женска чанта, а крадците со себе однеле пари, мобилен телефон и моторцикл во вкупна материјална вредност од 27 илјади денари.
Од 30 март до 7 април пријавени се и тринаесет нарушувања на јавен ред и мир, а се случиле и две сообраќајни незгоди поради алкохол и непочитување на првенство на минување во кои се повредени мотоциклист и возач.