Турново славеше убедливо против Напредок

Турново на домашен терен славеше убедлива победа над „отпишаниот“ Кичевски Напредок со резултат од 4:0.

Приказната на „Кукуш“ ја започна Ејупи кој беше презицен во 14 минута, додека 4 минути подоцна Пандев стрелаше за 2:0, резултат кој остана до крајот на првиот дел од натпреварот.

Во вториот дел Ејупи повторно беше стрелец на третиот погодок за Турново, со што Турновци веќе ја запечатија победата. За резултат да биде уште поубедлив повторно се погрижи Ејупи кој што постигна хет-трик со погодокот во 87 минута и конечни 4:0.

Лидер на табелата после 27 коло е Работнички со 50 бодови, Вардарци се рангирани на втората позиција со два бода помалку, додека третопласиран е Турново со 47 бодови. Металург и Пелистер се рангирани на четвртото односно петото место со исто бодови како и Турновци.

Во следното коло Турново на гостински терен ќе ги одмери силите со последно пласираниот Гостивар, каде што овде Турновци се апсолутни фаворите за убедллива победа.

Александар Ванев

Comments are closed.