„Убав пролетен ден и доликува на нашата убава Македонија, претседател на државата се бира. Посакувам денеска да добиеме сите, со тоа што ќе имаме фер и демократски избори, само на тој начин, секако, сите граѓани на Република Македонија, како и ние политичарите, ќе славиме победа за нашата Македонија.
Се надевам, дека денеска, целиот изборен процес, како и што започна така и ќе продолжи, мирно во фер и демократска атмосфера, сите граѓани на нашата земја да одлучат кој ќе го испратат во вториот изборен круг како кандидат за претседател на државата “ – изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по гласањето.