Локвенец: Граѓаните нека го изберат најдобриот

Своето право на глас денеска го оствари Хари Локвенец, носител на листата на СДСМ и коалициските партнери во Изборната единица 4. Од гласачкото место во Прилеп, тој рече дека во првиот круг од претседателските избори очекува Македонија да ги потврди своите демократски капацитети.

 -Го искористив своето граѓанско право, користејќи го најмоќниот демократски инструмент, гласачкото ливче. Верувам дека  сите граѓани на Република Македонија  ќе го искористат своето уставно загарантирано право, без притисоци, да гласаат и да го изберат кандидатот кој сметаат дека е најдобар за државата и нејзините граѓани. Очекувам, првиот круг од претседателските избори да биде фер и слободен, со што ќе бидат потврдени демократските капацитети на Македонија, рече Локвенец.

 

Comments are closed.