„Ајде сите заедно и масовно да ја искористиме оваа можност и в недела да ги започнеме промените, да свртиме нов лист за Македонија и да обезбедиме здрава иднина на нашите деца“ ова е пораката што вечерва на граѓаните во кавадаречко им ја упати носителот на листата на СДСМ и коалициските партнери во изборната единица 4, Хари Локвенец.
Во селото Марена, жителите се жалеа на тешката живеачка, лошата состојба во земјоделството, особено лозарите, кои се уште ги чекаат парите за грозјето, за ниските плати во фабриките. Промовирајќи ја новата програма, Локвенец рече дека СДСМ има решение за ваквата состојба и нуди промени за нов почеток за достоинствен живот на сите граѓани во Македонија.
– Го имаме најдобриот кандидат, Стево Пендаровски, да го дадеме гласот за него бидејќи тој е вистинскиот избор за Македонија и за сите нас, рече Локвенец.