Орцев и Даскаловски: Нова епоха за Македонија почнува на 13 април

Кандидатите за пратеници на СДСМ Марјан Даскаловски и Панче Орцев се обратија пред струмичани во малиот градски парк од каде што мириса на победа. На последниот ден од кампањата за претседателските избори тие ги најавија новите промени и новиот почеток за подобар живот. Дојде крајот на лошите политики  на ВМРО-ДПМНЕ, политики со кои ги поделија граѓаните на богати и сиромашни, патриоти и предавници, рече Орцев.
 Македонија заслужува просперитетен живот, а програмата на СДСМ нуди подобар живот за сите категории на граѓани, потенцираа Орцев и Даскаловски.  За да се случат промените потребно е сработеното да се реализира на 13 април, со масовно излегување на претседателските избори. Што сакат нека прават нема да не исплашат зошто почнува новата историја на Македонија со новата влада предводена се сретнаа со жителите на населените места Свидовица, Габрово и Сачево, презентирајќи ја својата програма. од идниот премиер Зоран Заев, истакнаа кандидатите Даскаловски и Орцев, во своето обраќање пред струмичани.
Тие претходно се сретнаа со жителите на населените места Свидовица, Габрово и Сачево, презентирајќи ја својата програма.

Comments are closed.