Да се стави крај на погубната политика на ВМРО-ДПМНЕ порачаа Орцев и Даскаловски пред борците

Кандидатите за пратеници на СДСМ од Струмица Марјан Даскаловски и Панче Орцев, се сретнаа со борците и стечајците од Струмица.

Тие ја претставија програмата за нови промени и нов почеток. Панче Орцев истакна дека во центарот на вниманието е граѓанинот за разлика од кампањата што ја водат ВМРО-ДПМНЕ, со мотото државата пред се. Без граѓаните немаме стабилна држава, рече во своео обраќање Орцев.

Кандидатите на СДСМ потенцираа дека е дојдено време да се стави крај на оваа погубна политика на власта која ги раздели  граѓаните на богати и сиромашни, патриоти и предавници. За да се случат промени тие пред присутните истакнаа дека е потребно масовно да се излезе на 13 април кога ќе се најават истите,  а на 27 да се слави победата на новата влада предеводена од СДСМ.

Новите мерки што ги предлага Социјалдемократскиот сојуз како воведување ефтина струја и зголемување на пензиите се дел од низата добри мерки  што значат подобар живот за сите граѓани,  истакнаа Орцев и Даскаловски на средбата со борците и стечајците.

 

Comments are closed.