Членови на Клубот на млади при Црвен крст Струмица по повод „Недела на хигиенизација“ денеска ја посетија градинката Клон 1.
Дечињата се запознаа со настанок и организацијата на Црвениот крст преку едукативен клип „Приказна за една идеја “, а им беа поделени рачно обработени боенките со содржина за хигиенски навики и сапунче како симбол на едно од основните средства за лична хигиена со кое се одбележи оваа акција.
„Неделата на хигиенизација“ се одвива под мотото „Чисто дете –здраво дете“ и трае од 8 – 15 април.