Локвенец: Големите патриоти избркаa над 300 илјади млади луѓе од Македонија

Сиромаштијата, лошата состојба во земјоделството и иселувањето на младите,  ова се најголемите проблеми што ги мачат граѓаните на Прилеп и прилепско. За  нив, зборуваа на вчерашната средба со Хари Локвенец, носител на листата на СДСМ и коалициските партнери во четвртата Изборна единица.

-Големите патриоти успеаа 300 илјади млади луѓе да избркаат од државата. Не без причина во Македонија немаше попис, не се преброивме колку сме. Не само за избори, пописот е многу важна статистичка операција за планирање на развојот и креирањето на економската и политичката стратегија во државата. Тие, тоа не го направија. Сакаат да скријат се што може да се скрие, а да не се покаже нивното вистинско лице. Затоа, идината на државата е најважниот дел за кој мора да се бориме сите ние, а иднината се младите деца за кои мора да направиме се за да останат тука, рече Локвенец.

Тој додаде дека новата програма на СДСМ, која не е кабинетски напишана, туку е програма во која се собрани искуствата, предлозите и сугестиите од народот од цела држава, нуди вистинско решавање на проблемите и врти нов лист за Mакедонија.

Програмата на СДСМ доби поддршка од борците, бранителите, пензионерите, занаетчиите, младите. Во неа, тие препознаа нови идеи за нов почеток на Македонија, кој ќе им обезбеди достоинствен живот на сите.

Comments are closed.