Ѕвездена карневалска ноќ!
Насекаде се слушаат песните на карневалите.
На периферијата од градот,еден маж и една жена
го играат тангото на љубовта.
Се движат по нежните звуци на гитарата
што допираат од еден ресторант.
И двајцата ги ставаат маските на своите лица.
Нивните тела се припиени еден до друг.
Секој звук од гитарата
буди нежност во нивните допири.
Чекорите стануваат забрзани.
Кулминацијата се зголемува.
Те сакам!-и вели тој.
Но,таа молчи.
Нежно го погалува по лицето.
Нивните погледи се вперени еден кон друг.
Дали посакуваш да бидеме засекогаш заедно?-
го прашува таа.
Но,тој молчи.
”Ѕвездите во оваа карневалска ноќ
ќе го исплетат венецот на нашата Вечна љубов ”-му вели таа.
-”Ги сакам деновите
кога ме потсетуваат на тебе!
Со секој мој збор
ти се заколнувам
дека ќе те сакам засекогаш!” -и вели тој.
”Подари ми ги своите мечти,
Подари ми ја оваа ноќ,
која ќе биде само за нас двајцата!
Секој допир секоја нежност,
што низ усните ќе ми помине
Ќе биде само Твоја!”
-му вели таа.
Звуците од гитарата престануваат.
И двајцата ги тргнуваат
карневалските маски од своите лица.
Насмеани,тргнуваат во предизвикот наречен
Вечна љубов.
Марија Челебиева
Песната е наградена со втора награда од ЛУБ Благој Јанков Мучето-Струмица,на распишаниот литературен конкурс СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ,во категорија возрасни автори