Афоризми на Костадин Устапетров, дел 15

Подобро ни е отколку на функционерите. Нам ни поминува само животот, а ним и животот и мандатот.

Со завршено трето,  стана бизнисмен. Што ли ќе беше ако завршеше и четврто одделение!?

 

Толку многу се намножија кодошите, што Гоце може да биде предаден уште еднаш.

 

Од спектарот  економии, сивата ни е нај – розова.

 

За земјоделците ѓубрето е злато.

 

Животот е најтежок таму каде луѓето со умот се најлесни.

 

Може и вака: Поранешна Југословенска Република Сегашна и Идна Македонија.

 

Кај нас цвета трговијата само кога се тргува со избирачки гласови.

 

 

 

Comments are closed.