Минатата година беа шаховски фигури, а оваа ќе бидат во духот на Венеција

На овогодишниот Струмички карневал  здружението „Ѕвезден град’’  ќе учествува со 39 членови. Како што велат од оваа карневалска група, изработката на маската трае веќе два месеци, а работните задачи се  поделени  во три групи  – машката група го украсува  подвижното возило, женскиот дел ги изработува костумите, а младите  се задолжени за осмислување на музиката и кореографијата.

Во 2013 – та вашата маска беше Шаховска табла, а овогодишната инспирација ви е?

 Инспирација за учество на овогодишниот карневал ни се венецијанските маски кои се мистични и секогаш предизвикуваат љубопитност кај публиката, нудат безброј можности за кретаивност во изработката на маските,  а тоа е она на што ние секогаш посветуваме големо внимание.

Дали ја прославивте  првата награда во вашата категорија минатата година?

Ја прославивме наградата кога се собраа сите членови на нашето здужение. Дел од нив се студенти, па кога тие привршија со своите  обврски,  направивме прекрасна забава и дружење како круна на нашиот успех.  Минатата година се закитивме со прва награда  во категоријата групна маска до 50 маскирани лица, но   добивме и медал од претседателот на ФЕК,  господинот Ван дер Крон,  по повод 10 годишнината од постоењето на нашето здружение и за учество и успешно претстававување на Струмичкиот карневал.

 Некоја интересна маска од минатогодишниот карневал?

Сведоци сме дека секоја година на Стумичкиот карневал се појавуваат нови групи составени од млади, креативни луѓе кои имаат убави креации на маските, а тоа нас, членовите на Ѕвезден град, не радува зашто традицијата на изработка на маски треба да се негува и чува. Не би можеле да издвоиме ниедна маска бидејќи сите си имаат своја убавина и заслужуваат подеднакво внимание.

Comments are closed.