Припремата на групната маска за Струмичкиот карневал, СОУ „Никола Карев’’ ја започна уште во ноември минатата година, а во тек е изработка на последните детали на оделата. Струмичкото училиште ќе го престават вкупно 110 маскирани ученици и 10 професори.
Што може да се каже дека е карактеристично за вашата маска?
Карактеристично е тоа што целата маска се изработува во училиштето, од страна на учениците и со помош на професорите. Кројењето и шијењето го работат учениците од текстилна струка.
Како се согласувате за идејата, земено во предвид дека сте големо училиште?
Идеите ги правиме така што прво гледаме со што располагаме од материјалите. Во зависно од тоа, сите даваме предлози, а потоа го одбираме најдобриот.
Не сакате да го откривате насловот на маска, но кажете нешто приближно?
Оваа година одбравме една тема која ќе биде поразлична од претходните. Маската е поврзана со животот, го воозвишуваме животот – да живее радоста, насмевката, среќата.
Какви се впечатоците од освојувањето на првата награда минатата година за „Ангели и Демони’’?
Минатата година бевме по втор пат првонаградени. Среќата беше голема кај децата, но и кај нас возрасните. Сепак, сите ние живееме за Струмичкиот карневал. Награда е стимулација за уште поголем труд во работата.
Очекувате ли прва награда и оваа година?
На толку залагање, се надеваме.