Споменикот „Струмичанка под маска’’ – симбол за Струмичкиот карневал

Споменикот „Струмичанка под маска’’ се наоѓа од 2010 година на плоштадот „Гоце Делчев’’ чија реконструкција беше во истата година. Споменикот го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот кој традиционално се одржува секоја година по повод тримерските празнувања и почетокот на големите велигденски пости.

Strumicanka-pod-maska_1564x1050

Бронзената фигура, изработена во природна големина, во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица.

На четирите страни од мермерното постоље се испишани податоци за надморската височина, географската широчина и други корисни информации поврзани со Струмица и регионот.

Автор на споменикот „Струмичанка под маска’’ е македонската скулпторка Наташа Божарова – Пијанманова.

Comments are closed.