Како ќе се маскира ,,Мулен руж’’ за овогодишниот Струмички карневал?

Минатата година машките беа маскирани  во отворени школки со бисер, додека  дамите  беа облечени како сирени,  со многу школки на себе. Оваа година карневалската група „Мулен руж’’ на Струмичкиот карневал  ќе се престави со маската на тема „Тетарот на отворено’’, а групата ќе ја сочинува 36 членови.

„Карневалот  за нас е еден вид на театар на отворена сцена, па така и нашата овогодишна маска ќе биде во тој дух.  Нашите одела и фустани се инспирирани од  добата на ренесанса и ќе се потрудиме да го доловиме тој период ’’  – велат членовите на „Мулен руж’’.

,,Богатството е внатре’’, пораката на маската од 2013 год.

Како се одлучивте за таа идеја?

Оваа година се одбележуваат 65 години од  Струмичкиот театар, а ние сакаме да дадеме некој вид на поддршка. Нашата маска преставува нешто ново, креативно , воознобнувачко… баш како и идејата  наскоро да се започне со реновирањето   на театaрот во Струмица.

Дали е потешко да се осмисли идеја или да се спроведе во дело?

Идејата е секогаш најпроблематична. За нашата група е карактеристично тоа што што се сами рачно изработуваме. Работите се поделени. Имаме четири жени кои ги шијат оделата додека  машките, од друга страна, го украсуваат  камионот кој е составен  дел  од маската.

Некои интересни случувања поврзани со овогодишните припреми?

Женските фустани ќе бидат богати и раскошни. Но, тие  ќе бидат широки  метар и половина,  така да машкиот партнер ќе има проблем да приоѓа до женскиот.

Колку пари е потребно да се направи една групна  маска за карневалот?

Отприлика, од 2 до 3 илјади евра. Оваа годинаа , на пример, само за фустани и одела купивме  100 метри материјал. Се разбира, тоа е дел потребен за маската.

Како искусни карневалџии, како го оценувате  минатогодишниот Струмички карневал?

Имаше много интересни маски. Како посебни можат да се издвојат „Игуани ‘’ кои беа нешто ново, невидено до сега. Исто така, одлична беше  и маската „Огледало’’.

Comments are closed.