Струмичкиот карневал – едно од најбитните обележја на Струмица

Секоја година на почетокот од Велигденскиот пост на струмичките улици може да се видат маскирани струмичани, но и посетители од странство кои посебно за Струмичкиот карневал доаѓаат во градот под Царевите кули.

Оваа традиционална манифестација, на коај се соединуваат оригиналните и креативните маски, добрата забава и дружењето, е сигурно еден од најбитните обележја кои ја прават Струмица препознатлива во Македонија, но и надвор од границите на земјава.

476_351735191609732_1341004184_n
Струмичкиот карневал се одржува на почетокот од Велигденскиот пост, односно првите три дена се наречени тримерски денови. Тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда , а во нивни рамки, односно во вторникот вечерта, се одржуваше традиционалната карневалска вечер. Од пред две  години, на барање на граѓаните, денот на обележувањето на карневалската вечер е преместен во сабота со цел да што повеќе гости од Македонија и странство можат да присуствуваат на овој значаен настан.

8865_351819428267975_993554320_n

Наредниот ден е карневалскиот ден за дружење помеѓу најмалите на кој дечињата од основните училишта и градинки продефилируваат по градскиот плоштад покажувајќи ги своите маски.

Оваа традиционална манифестација е доста важен момент за секој струмичанец, затоа и за таа ноќ се спрема со месеци. Традиционалните карневалски групи секоја година вложуваат огромен труд, фантазија, спремат кореографии, се со цел да бидат автентични и да остават посебен белег во секој изминат карневал.

522755_351694234947161_2083541017_n
Во чест на оваа долгогодишна традиција во 2010 година карневалот доби и свој симбол на плоштадот Гоце Делчев на кој е подигнат споменик ,,Струмичанка под маска’’. Оваа бронзена фигура во природна величина во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица.
Овогодишната карневалска вечер е закажана за 1-ви март.

 

Comments are closed.