60 заболени, 10 хоспитализирани од грип во Струмица во првата половина од јануари

Десетина лица од Струмица веке се хоспитализирани од грип. Бројката од Нова година до моментов е околу 60- тина заболени и регистрирани на инфективното одделение. Но, сепак, лекарите предупредуваат дека крајот на месецов и почетокот на наредниот се критични и тогаш се очекува бројот да се зголемува.

Симптомите на вирусите од типот А и Б се: температура која не мора да е висока, болки во мускулите и зглобовите и кашлица – вели д-р Катица Маранѓозова од инфективното одделение и додава: „Двата типа на вирусот можат да доведат до компликации и смртен исход, но типот А има поголем епидемиски потенцијал“.

Лекарите упатуваат апел до сите граѓани на поголема превентива, а во пресрет на почетокот на второто полугодие од оваа учебна година родителите да не ги праќаат децата на училиште доколку имаат и настинка бидејќи грипот со инфлуенца (Х3Н2) која е во моментов се шири енормно брзо.

Во моментов Тамифлу има во доволни количини, а особено се препорачува за ризичните групи, бремени жени, хронично болни и бебиња. Лекот го препишуваат матичните доктори и е бесплатен.

извор: ВИС.МК

 

Comments are closed.