Тепачка во Просениково за моторцикл

На 10.01.2014 година околу 17.00 часот во с.Просениково, струмичко, во двор од куќа сопственост на Б.В.(53), со ПМВ “Сеат“ дошле С.К.(39) и З.Ѓ.(41) двајцата од с.Босилово,струмичко, по што настанала расправија помеѓу нив и Б.В. и неговиот син Б.В.(29), во врска со сопственост на моторцикл.

Во еден момент, С.К. физички го нападнал Б.В.(29), удирајќи го со тупаници во пределот на лицето при што му нанел телесни повреди.  Во меѓувреме, З.Ѓ. влегол во возилото, го стартувал и со истото го удрил Б.В.(53) нанесувајќи му телесна повреда, по што со возилото заминал во непознат правец. Физичката пресметка продолжила помеѓу останатите учесници.

На С.К. му е укажана лекарска помош во Општа болница Струмица каде му се констатирани тешки телесни повреди, истиот е пренесен во Клинички центар Скопје, Се преземаа мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: ВИС. МК

Comments are closed.