Како да се рециклира во Струмица?

Пред да се започне со рециклирање потребно е да се биде едуциран во основите на оваа дејност. Тоа се постигнува преку медиуми, книги, кампањи и контакт со лица кои веќе го практикуваат или се занимаваат професионално во оваа поле. Инвестицијата во рециклирање е многу мала, во одредени градови низ светот, но и кај нас има компании кои ве снабдуваат со тоа што ви е потребно да рециклирате со цел да го собираат вашиот отпад од дома.

Основното нешто е селекцијата на отпадот. Се дели во неколку категории и тоа: железо, пластика, најлон, хартија итн. Собраниот отпад треба да биде соберен од компании овластени за откуп на секундарни суровини. Некои од нив имаат и мобилни служби кои го откупуваат од самото место. Профитот може да биде добра мотивација за да се рециклира. Исто така важно е да се влезе во акција за мотивирање на остатокот на населението во врска со рециклирањето.

извор: Зелена иницијатива за Струмица

 

Comments are closed.