Пет најдобри каракеристики и вештини на секој хороскопски знак…
ОВЕН
– Многу вешто флертувате.
– Адреналинот е вашето второ име и обожавате авантури било да станува збор за љубовта или патувањата.
– Од сите хороскопски знаци, најталентирани сте за пронаоѓање на инвентивни начини за заработка.
– Шопингот е вашето тајно задоволство. Ги следите новите трендови и уживате во модата.
– Вашата спремност за спонтана забава ги привлекува луѓето околу вас.
БИК
– Вашиот поим за луксуз е чаша фино вино и вкусен оброк
– Многу сте великодушни. На пријателот во неволја секогаш ќе му позајмите пари.
– Пријателите го обожаваат вашиот дом. Зошто? Вие сте мајстор за уредување на ентериерот, а вашиот дом е едно убаво и удобно гнездо.
– Во теретана никогаш не се откажувате. Другите ви се восхитуваат колку сила и волја имате.
– Ако на работа нешто треба брзо и ефикасно да се сработи, шефот знае дека вие сте вистинската личност.
[sociallocker]
БЛИЗНАЦИ
– Љубопитноста ве движи. Зависни сте од нови искуства, па марак и тие да се ризични.
– Луѓето вам често ви се доверуваат, бидејќи знаат дека никогаш нема да ги откриете нивните тајни.
– Сакате да се шегувате и да кажувате вицови, а тоа навистина добро ви оди од рака.
– Вашиот моден стил е комбинација од дама и бунтовничка. Ако облечете романтичен фустан, тогаш сигурно ќе го искомбинирате со рокерски чизми.
– Секогаш сакате да научите нешто ново- без оглед на тоа дали станува збор за некој јазик или некој друг курс.
РАК
– Луѓето ве сакаат бидејќи покрај вас се чувствуваат пријатно, а вашата идеа за забава е вечер помината во домашна атмосфера, со голема кутија сладолед и добра комедија.
– Кога им е тешко, пријателите секогаш ви се обраќаат за совет и поддршка бидејќи сте сочувствителни и спремни да ги сослушате.
– Многу сте интуитивни. Не морате некој долго да го познавате за да процените дали некој е искрен или не.
– Имате совршена меморија
– Вие сте голем колекционер
ЛАВ
– Сакате да бидете во центарот на вниманието и да ги покажете своите таленти: било на домашна забава или на караоке. Од ништо не се плашите.
– Кога е во прашање физичката активност, имате челична волја. Дисциплинитани сте и никогаш не прескокнувате ден во теретана. Сакате да ги остварите своите потенцијали.
– На се додавате доза на гламур.
– Познати се по вашата фризура- таа е секогаш беспрекорна.
-Воздржаност е квалитет кој најмногу го цените. Никогаш не би ја изневериле личноста која ја сакате.
ДЕВИЦА
– Имате неверојатно око за детаљи и многу добар вкус. Кога е потребно декорирање на простор или организирање на забава, пријателите секогаш може да се потпрат на вас.
– Амбиција е вашето средно име. Знаете точно што сакате и што треба да направите за да го добиете тоа.
– Пријателите често ве прашуваат за мислење бидејќи во состојба сте објективно да ја согледате ситуацијата и да дадете корисен и мудар совет.
– Секогаш сте педантни и средени.
– Одлично ги проценувате луѓето и нивните намери и тешко е да ве надмудрат.
ВАГА
– Патувања? Вие живеете за нив. Истражување на нови градови и недопрена природа, едрење околу егзотични острови, планинарење… Секогаш сте спремни за авантура.
– Знаете да одберете најубаво вино од листата на вина во ресторан и секогаш го нарачувате.
– Вие секогаш пронаоѓате заеднични јазик со луѓето, без обзир на тоа колку е некој поинаков од вас.
– Кога е работата во прашање, верувате дека е важно да го сакате тоа што го работите. Тука не сте спремни за компромиси.
– Ги следите сите вести и секогаш сте во тел. Нема разговор во кој не можете да учествувате.
ШКОРПИЈА
– Секогаш обрнувате внимание на детаљи кои многу луѓе може да ги превидат, па затоа она што вие го организирате секогаш е генијално.
– Вам кафе не ви потребно бидејќи имате тон енергија.
– Од начинот на кој ги подгризувате усните додека читате службен меил, па до начинот на кој ги нишате колковите додека играте- едноставно се што правите зрачите со сексипил.
– Каде и да се појавите сите ве забележуваат. Имате висока социјална интелегенција, одлично памтите имиња и знаете да се пробивате.
– Одлични сте во кревет. Знаете точно што сакате и не ви е срам да кажете.
СТРЕЛЕЦ
– Некој се дрзна да ви каже дека нешто не можете да направите? Сега ќе види како се поместуваат планини! Вие тоа го можете.
– Во друштво сте омилени бидејќи инстиктивно знаете кога на некој му е потребна вистинска прегратка.
– Во ноќни изглегувања сите сакаат да бидат како вас бидејќи знаете како да се облечете да за бидете секси, но не невкусни.
– На секому можат да му потонат сите бродови- тоа вие никогаш нема да го дозволите.
– Секогаш сте оригинални.
ЈАРЕЦ
– Зградата гори, паника се шири, шефот вика. Нема ништо од тоа што може да ве извади од колосек, бидејќи вие сте секогаш мирни и прибрани.
– Колку и да е болна вистината вие ќе ја кажете. Токму и затоа луѓето во ценат.
– Вашите креативни способности под притисок најдобро доаѓаат до израз.
– Ако заради нешто банкротирате, тоа е заради гаџетите на кои не можете да им одолеете. Мора да ги имате сите.
– Поради чудна смисла за хумор , веднаш може да ви дадат британско државјанство.
ВОДОЛИЈА
– Знаете дека вашиот роденден е гозба за вашите пријатели, бидејќи никој не прави вкусни торти како вие.
– За вас никогаш не може да се каже дека сте како ветар кој дува или камелеон кој се приспособува. Што и да се случи вие останувате верни на себе.
– Познати сте како дружељубива личност која не ги суди луѓето според статусот или изгледот.
– Ве следи репутација дека можете лесно да се претворите од „маче во тигар“.
– Вашата смисла за хумор е малку поинаква од останатите.
РИБИ
– Вие сте личности која верува во бајки и остварување на соништа.
– Сосема е нормално што пријателите ве прашуваат за мислење бидејќи имате непогрешлива интуиција.
– Одлично танцувате.
– Зошто никој не може да сокрие тајна од вас? Го чувствувате тоа „ од километар“.
– Многу сте нежни и сочувствителни.