Во пожар изгоре 30-годишен струмичанец

Ноќеска, околу 2 часот по полноќ се запали семејна куќа на улица „Широк дол“ во Струмица, во која изгоре 30-годишен струмичанец. Неговиот татко со изгореници од прв степен е префрлен во Градската болница во Струмица.

Екипи на противпожарната заштита интервенирале во гасењето на пожарот со 8 пожарникари две противпожарни возила и едно теренско возило.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

извор: ВИС.МК

 

Comments are closed.