Во Струмица новогодишната ноќ во мирна атмосфера

Во Струмица новогодишната ноќ поминала мирно и без поголеми интервенции од страна на медицинските лица, информираа од дежурните лекари од Итната медицинска помош.

.Според информациите од таму, во Струмица, само неколку млади луѓе во алкохолизирана состојба се пожалиле на тегоби, но без некои сериозни последици.

Немало интервенции ниту за сообраќајни незгоди во текот на ноќта, потврдуваат од „Брзата помош“. Од струмичката полиција потврдија дека новогодишната ноќ помина главно во мирна атмосфера. Регистрирани биле 2 сообраќајни несреќи. Едната се случила во близина на Ново Село, а другата на магистралниот пат меѓу населените места Градашорци и Владевци. Повредени немало причинита била само материјална штета.

Во текот на новогодишната ноќ не биле регистрирани ниту посериозни инциденти освен една тепачка и две кражби. И во наредниот период следуваат празници поради што од СВР Струмица апелираат возачите докрај да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат со возилото под дејство на алкохол и задолжително да поседуваат зимска опрема.

 

извор: Вис.мк

Comments are closed.