Претседателот на ЛК СДММ – Струмица, Коста Костадинов со честитка по повод новогодишните празници:
Почитувани сограѓани, За неколку часа, ќе настапи едниствениот ден во кој се што се случило вчера, ќе му се обраќаме со лани. За неколку часа, сите ќе мораме да го заокружиме крајот на уште една година и да го одстапиме тронот на новата која ни претстојува. Знаеме дека само ние самите можеме да ја претвориме новата година во среќна и успешна,бидејќи ние сме творци на иднината. Само ние можеме да ја одиграме таа тешка улога знаејќи дека ,оној кој се бори, напредува и успева. Кога стрелките ќе се поклопат и кога огнометите ќе заиграт на нашето небо, нека тоа биде моментот кога преку надежта ќе сфатиме дека само заедно можеме 2014 да ја претвориме во сигурна година, година без грижи ,година во која ќе царува успехот и среќата. Нека ви е среќна новата 2014 година.